Шејн Ларкин, кошаркарот на турската репрезентација, доби повреда на раката на денешниот натпревар со Шпанија и ќе биде подложен на дополнително снимање. Тој ќе мора да одлета за Истанбул на снимање и доколку се утврди дека се работи за скршеница, за него Европското првенство е завршено.
Селекторот на Турција, Ергин Атаман, потврди дека еден од најдобрите лекари во светот ќе го прегледа Шејн Ларкин, но истакна дека психолошки кошаркарот не се чувствува најдобро.