Голем број на посетители уживаа во музичката програма на двете сцени поставени на Плоштад Македонија, која започна во саботата (02.09.2022) со музички настан на Dj Mats на Main Stage-от и настап на македонската млада и талентирана пејачка Лара Иванова на Craft сцената, а заврши вчера (07.09.2022) со спектакуларен настап на македонската рок група Архангел.
Пиволенд 2022 ја оствари целта за промоција и поддршка на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на македонски музички артисти пред публиката и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.
АРЕА, ДНК, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Фолтин, Бени и НОН СТОП, ФИЦ „Студени нозе”, Принц, Баклава и многу други македонски музички артисти беа дел од 5-дневната пивска приказна во градот.
Скопје пет дена комуницираше љубов. Музиката спојува. Таа ти испраќа позитивни вибрации кои те терааат да заиграш и запееш, секогаш знае да те насмее и да наздравиш со пиво.
Музиката е љубов, а љубовта е Пиволенд.
Организаторите на овогодинешниот Пиволенд испратија порака до скопјани и македонската јавност – се гледаме на Пиволенд 2023. На здравје!