Во Велика Британија по смртта на кралицата следат промени – од химната до парите

Од новото лице на банкнотите и поштенските марки до текстот на националната химна, Британија ќе доживее некои промени по смртта на кралицата Елизабета Втора и доаѓањето на нејзиниот син Чарлс III.

Така, зборовите на британската национална химна, кои датираат од 18 век, ќе бидат променети така што наместо „Господе спаси ја кралицата“ ќе пишува „Господе спаси го кралот“.

На новите монети и банкноти сега ќе стои главата на кралот, а старите со ликот на кралицата ќе бидат во оптек додека не бидат заменети, пренесува Ројтерс.

Поштенските марки, исто така, ќе бидат променети со портрет на новиот крал.

Треба да знаете
Последни објави