Седлоски повторно е тренер на Шкупи

Македонскиот првак Шкупи повторно го именува Гоце Седлоски за шеф на стручниот штаб. Овој пат тој доаѓа заедно со Арбен Нухиу како прв асистент. Оваа одлука е донесена откога раководството не можеше да пронајде подобро решение по заминувањето на Седлоски. Сега тој добива нов мандат на клупата на Шкупи.

Седлоски пред десет дена реши дека е време да замине откако не успеа со Шкупи да избори групна фаза во европските натпреварувања, каде што запиша победа со Линколн, реми со Динамо и шест порази. Претходно „чаирчани“ беа исфрлени и во плеј-офот на Конференциската лига од Балкани, а  одиграа 1-1 со прилепска Победа на стартот на првенството.

На претседателската функција во клубот се враќа Суат Алија.

Шкупи не ја почна најдобро сезоната и веќе има два пораза во првенството на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави