Шок за Турците- Ларкин поради повреда го заврши ЕП

Турската кошаркарска репрезентација ќе мора до крајот на Евробаскетот да игра без плејмејкерот Шејн Ларкин, кој поради потешка повреда мораше да замине на операција.

Селекторот на Турција, Ергин Атаман ги соопшти лошите вести и кажа дека ова е голем удар за неговата селекција.

„За нас ова е голем шок. Очекував Шејн да може да игра, но медицинскиот извештај покажа дека за него Евробаскетот е завршен“, кажа Атаман.

Ларкин беше важен дел од нападот на Турција и во просек постигнуваше по 9,2 поени по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави