Атаман: Ова е најлошиот пораз во мојата кариера

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Турција, Ергин Атаман, беше емотивно скршен по драматичниот пораз од Франција по продолжение во осминафиналето на Европското првенство. Турците имаа речиси добиен натпревар во регуларниот тек, а на крајот ја испуштија предноста.

Тој речиси и да не сакаше да зборува на прес-конференцијата.

„Како се чувствувам? Би сакал да кажам дека ова е најлошиот пораз во мојата 26-годишна кариера како тренер. Сакам да им честитам на Франција“, изјави Атаман.

Треба да знаете
Последни објави