Турците имаа добиен меч против Франција и го загубија по продолжение

Кошаркарската репрезентација на Франција е првиот четвртфиналист на Европското првенство откако во драматичен меч, дури по продолжение, ја елиминира Турција со триумф од 87:86. Турците практично имаа добиен меч во регуларниот тек, предност, две слободни фрлања за Џеди Осман и топка од страна поради намерната лична грешка. Но, Осман не реализира ниту едно од двете слободни фрлања, а потоа Турците ја загубија топката и примија кош.

Во продолжението, Руди Гобер им даде шанса за последен напад откако не реализираше две слободни фрлања, но Коркмаз ја загуби топката при еден поен негатива. На крајот, Франција славеше со 87:86 и се пласира во следната рунда.

Буграхан Тунчер со 20 поени беше најефикасен на натпреварот, а Руди Гобер кај Французите има дабл – дабл од 19 поени и 17 скока.

Треба да знаете
Последни објави