По повод смртта на кралицата Елизабета Втора, се огласија и членовите од популарната англиска рок група Sex Pistols.„Почивај во мир, кралице Елизабета Втора. Испратете ја како победничка“, напиша Џон Лидон – фронтменот на групата на „Твитер“.
Групата стана позната по хитот од 1977 година, „Боже чувај ја кралицата“, God Save The Queen и таа беше една од најконтроверзните песни кои беа напишани воопшто за кралицата.
Во неа се тврди дека таа не е човечко суштество и се зборува за фашистички режим.
Фановите сега велат дека како времето минало, нивните чувства кон нејзиното Величество се ублажиле.