Марканен со 43 коша ги испрати Хрватите дома

Драмата на Евробаскетот 2022 продолжи и на средбата помеѓу Хрватска и Финска во која поранешната југословенска држава не ги преживеа Лаури Марканен (43 поени) и „финската артилерија“ (12 тројки). Во неизвесниот натпревар победникот беше одлучен во последната четвртина, а на победа се радуваше Финска славејќи со 94-86.

Хрватите имаа можност сами да го бираат следниот противник во последниот натпревар од групната фаза, а со цел да ја избегнат Србија налетаа на расположените Финци кои на овој турнир играат навистина неверојатно.

Двете репрезентации имаа свои моменти на паркетот, но ниеден од нив не успеа да направи значајна предност. Финска на почетокот стигна до преднсот од осум поени (18-10), Хрватите одговорија во втората четвртина кога дојдоа до предност од пет поени (20-25), но драмата траеше на паркетот до се последните четири минути од средбата.

При резултат 77-77 Хуф, Масуни и Салин ја предводеа Финска до серија од 8-0 и ја направија клучната предност за победа. Хрватска последниот обид за враќање во мечот го имаше на минута и 10 секунди до крајот кога со тројката на Хезонја дојде до негатива од пет поени, но Финците не дозволија „коцкестите“ да се надеваат на триумф до самиот крај. Неверојатниот Марканен одговори во следниот напад и стави крај на дилемите за победник.

Лаури Марканен на 43-те поени додаде и 9 скока, а него го следеше Салин со 17 поени и 5 скока. Бојан Богдановиќ беше лидер на Хрватска со 23 поени и 5 скока.

Треба да знаете
Последни објави