Одложувањето на мечевите од Премиерлигата може да се продолжи и следниот викенд, бидејќи се очекува клубовите да ги отфрлат промените со кои ниту еден меч не би се играл во Лондон, јавува „Дејли мејл“.
Премиерлигата, малку неочекувано, реши да ги одложи сите мечеви овој викенд поради смртта на кралицата Елизабета Втора во четвртокот и сега проблематични се и мечевите од следната недела во Лондон, поради тоа што полицијата ќе биде ангажирана за погребот на кралицата во понеделникот на 19 септември. Мечевите кои не се играат во британската престолнина, најверојатно ќе се оддржат, а Премиерлигата има план да ги „сврти“ мечевите кои треба да се играат во Лондон, но клубовите се противат на оваа идеја.
Се работи за мечевите, Тотенхем-Лестер, Брентфорд-Арсенал и Челси-Ливерпул. Одложувањата ќе предизвикаат проблеми во понатамошниот календар за сезонaта 2022/23, откако ќе има и зимска пауза поради Светското првенство во Катар, кое стартува во ноември.