Натпреварот од второто коло во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Глазгов Ренџерс и Наполи е поместен од вторник за среда поради логистички ограничувања поврзани со смртта на британската кралица Елизабета Втора, објави денеска УЕФА.
Одлуката за 24-часовно одложување на натпреварот од групата А е донесена „поради сериозни ограничувања на полициските и организациските ресурси поврзани со деновите на жалост”, се појаснува во соопштението од Нион.
Од истите причини, како што соопшти УЕФА, нема да биде дозволено присуство на стадионот во Глазгов за навивачи на Наполи, а во интерес на фер однос, ниту навивачите на Ренџерс нема да можат да го бодрат својот тим на реваншот во Неапол на 26 октомври.
Поради смртта на кралицата Елизабета Втора сите натпревари во англискиот и шкотскиот фудбал се одложенби на неодредено време.