Аргентинскиот кошаркар Ману Џинобили (45), кој во кариерата освои олимписко злато и четири шампионски прстени во НБА лигата, е примен во кошаркарската Куќа на славните.
Џинобили настапуваше за Сан Антонио од 2002 до 2018 година и со „Спарси” освои четири НБА титули (2003, 2005, 2007, 2014).
–Не сум тука затоа што сум многу посебен, туку затоа што бев дел од двата најдобри тимови – Сан Антонио и Аргентина, порача Џинобили во својот говор на церемонијата во Спрингфилд.
Исто така, беше клучен играч во аргентинската репрезентација, која на Игрите 2004 во Атина го освои олимпиското злато.
На европско почва со италијанската екипа Виртус Болоња ја освои Евролигата.