Несторовски влезе од клупата, па Удинезе направи пресврт за продолжување на победничката серија

Фудбалерите на Удинезе со два гола во судиското продолжение дојдоа до четвртата победа во шестиот меч од новата сезона во Серија А, овој пат на гостувањето кај секогаш незгодниот Сасуоло (3-1).

Црно-белите беа во негатива до средината на второто полувреме, кога во игра влезе македонскиот интернационалец Илија Несторовски. Осум минути по неговото стапнување на теренот, Бето ја анулира предноста на домаќинот обезбедена во 33. минута преку Фратеси. Сасуоло во второто полувреме играше со фудбалер помалку, по исклучувањето на Тресолди пред крајот на првиот дел, што секако им ја олесни задачата на Македонецот и соиграчите. Победничките голови ги постигнаа Самарџиќ во 91. и Бето повторно во 92. минута.

Болоња по отказот на Синиша Михајловиќ дојде до првиот триумф сезонава и тоа на домашен терен против Фиорентина (2-1), иако новиот тренер, Тијаго Мота, официјално од утре ќе го преземе тимот (головите ТУКА). Дербито на дното помеѓу Лече и Монца заврши нерешено (1-1), што донесе прв бод за гостинскиот тим по враќањето во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави