Бодирога станува претседател на Евролигата

Дејан Бодирога ќе биде официјално ратификуван како нов претседател на Евролигата на состанокот на клубовите акционери на 14 септември, тврди порталот „Еврохупс“. Бодирога ќе биде наследник на Жорди Бартомеу, а Евролигата ќе добие и нов преоден генерален директор во Маршал Гликман.

Шпанските клубови посакувале Бартомеу да остане на позицијата, но волјата на мнозинството е да има промена и Бодирога веќе почнал со состаноците со клубовите и со акционерите за да се направи план за дејствување.

49-годишниот Бодирога е еден од најлегендарните европски кошаркари, а има искуство и во менаџирањето – од 2007 до 2009 година беше генерален менаџерн на Виртус Рома, а од 2011 до 2015 работеше како потпретседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Треба да знаете
Последни објави