Во Јунајтед уверени дека Роналдо ќе го напушти тимот оваа зима

Челниците на Манчестер јунајтед веруваат дека напаѓачот Кристијано Роналдо ќе се обиде да го напушти тимот претстојната зима.

Како што пишува „Сан” фудбалерите се незадоволни што Португалецот ги пропушти подготовките во претсезоната. Поради ова, тој се уште не може да се вклопи во системот на игра, кој го изгради новиот селектор на тимот, Ерик тен Хаг.

– Сите играчи беа среќни кога Роналдо се врати во тимот минатата сезона. Сега тие се вознемирени што ја пропушти претсезоната. Роналдо не ги исполнува условите во однос на брзината. Тој се потпира на инстинкт, но тоа не функционира во системот на Тен Хаг, пишува британскиот весник.

Триесет и седумгодишниот фудбалер оваа сезона забележа шест настапи во Премиер лигата без да постигне гол.

Треба да знаете
Последни објави