Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Италијанската кошаркарска репрезентација повторно покажа големо срце, но загуби во продолженија во четврт-финалето на Евробаскетот од Франција со 93:85, која сега ќе го чека подобриот од мечот Словенија-Полска меѓу најдобрите четири.

По сензационалната победа над Србија, малкумина им даваа на „аѕурите“ шанси против фаворитите Франција, и во фуриозен почеток со 47 поени во првата четвртина, Франција имаше 27:20 водство. Франција го заддржа водството и во втората четвртина (38:31), пред фантастичниот старт на второто полувреме на Италијанците, кои ја добија третата четвртина со 31:18 за да направат предност од 62:56. Потоа во драматична завршница Фонтекио утна две слободни фрлања, а Ертел успеа да израмни за 77:77.

Во продолжението, Французите имаа подобар почеток и на крајот стигнаа до 93:85 победа. Томас Ертел заврши со 20 поени, Руди Гобер додаде 19 поени и 14 скока, додека кај Италија, Симоне Фонтекио и Марко Спису завршија со по 21 поен.

Треба да знаете
Последни објави