Новото издание на македонскиот фудбалски Куп официјално е отворено попладнево со натпреварите од воведното коло во кое фаворитите обезбедија пласман во следната, осминафинална, фаза.
Куп на Македонија,1/16 финале:
Беласица – Шкупи 1-3, БВК Коњаре – Работнички 0-5, Фортуна – Борец 5-3, Каменица Саса – Вардар 0-3, Караорман – Шкендија 0-3, Гостивар – Пелистер 0-1, Кожув – Тиквеш 0-2, Слога Виница – Брегалница 0-3, Тетекс – Академија Пандев 0-6, Вардар Неготино – Струга 1-2, Карбинци – Победа 0-6, Љуботен – Ренова 3-0 (службено), Зајази – Воска 0-3 (службено), Црно Буки – Скопје 0-3 (службено)
Актуелниот освојувач на трофејот, Македонија Ѓ.П. и ланскиот финалист, Силекс натпреварите во Купот на Македонија во сезоната 2022/23 ги започнуваат од 1/8 финалната фаза.