Полска е последниот полуфиналист на Евробаскетот, откако во драматичен и тензичен меч со 90:87 го елиминираа актуелниот шампион Словенија, за да обезбедат дуел со Франција, која претходно со многу мака по продолженија ја совлада Италија.
Полјаците имаа фантастично прво полувреме, во кое ги надиграа Словенците, пред тие да се вратат во третата четвртина и да имаат само „пола“ кош негатива 63:64. Во завршницата, Дончиќ беше исфрлен од игра со пет лични грешки, по што Полјаците се вратија во игра и поведоа со 89:82, пред Драгиќ да постигне тројка, и во следниот напад Полска да ја загуби топката, и Драгиќ да погоди за 90:87 на 31 секунди пред крајот.
Меѓутоа, во финишот, Словенците не направија фаул и на крајот беа елиминирани.