Напаѓачот на италијанскиот првак Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој идниот месец ќе го прослави својот 41 роденден, изјави оти нема намера да замине во фудбалска пензија.
– Ако видам некој посилен играч од мене, во тој случај би се повлекол. Но, тоа сè уште не сум го видел, изјави шведскиот фудбалер.
Ибрахимовиќ ова лето мораше да го оперира коленото и се надева дека што поскоро ќе се врати на теренот.
– Арогантен сум, немам страв. Добро сум, работам секој ден со цел што поскоро да се вратам на теренот. Потребно е трпение, тоа сега е клучно, истакна Ибрахимовиќ, кој минатата сезона му помогна на Милан да ја освои шампионската титула со осум голови на 23 натпревари.