Швјонтек: Важно да се биде човек, а не само тенисер

Првиот светски рекет во женска конкуренција Ига Швјонтек сподели како нејзината смисла за хумор и помага на теренот.

– На турнирите не можете постојано да размислувате за тенис и целосно да се концентрирате на него. Мора да можеме да уживаме во секоја ситница во животот. Јас сум прилично саркастична личност и понекогаш се обидувам да го искористам тоа. Затоа се израдував кога го видов Метју Пери на трибините во финалето, бидејќи Чендлер (лик од ТВ серијата „Пријатели” кој го игра Метју Пери) е кралот на сарказмот. Добро е да се има баланс помеѓу кариерата и личниот живот, а мојот тим ми помага во тоа. Некогаш е важно да се биде личност, а не само тенисер, изјави Швјонтек.

Таа додаде дека е многу радосна бидејќи во Њујорк се запозна со многу се запозна со многу светски славни личности.

– За време на турнирот, секако, сакам да бидам во мирна атмосфера. Но, ја запознав Линдзи Вон, и беше неверојатно затоа што и се восхитував долго време – и поради она што го правеше во спортот и поради начинот на кој се претставуваше. Го запознав Сил и тоа исто така беше кул. И јас имам фотографија со Серена Вилијамс. Така да, уште пред да започне турнирот чувствував дека постигнав нешто значајно.

Полската тенисерка пред пет дена го освои Грен слемот УС Опен. 

Треба да знаете
Последни објави