Аеросол и чад – која е разликата?

Кога ќе го слушнете зборот аеросол, можеби ќе помислите на дезодоранс или нешто слично, но аеросол е всушност многу повеќе од тоа.

Аеросол е научен термин за цврсти и течни честички суспендирани во гас – како што е облакот. Чадот е всушност еден вид аеросол кој се создава при согорување. И додека чадот е аеросол, не сите аеросоли се чад.

Што е чад?

Чадот е производ на согорување. Без разлика дали станува збор за согорување на гориво, огревно дрво или цигари, секое согорување е лошо поради бројните штетни материи кои се ослободуваат во тој процес. Кај пушењето, кога цигарата е запалена тутунот гори и тогаш неговата температура достигнува и до 900°C. При овој процес се создава чад кој содржи околу шест илјади супстанции, од кои околу 100 се класифицирани како штетни или потенцијално штетни за јавното здравје. Ако температурата се намали на ниво каде што само се загрева тутунот и не гори, чадот се „елиминира“. Тоа е она што ги прави подобрите алтернативи, кои се засноваат на технологијата на загревање наместо на горење тутун, да се разликуваат од цигарите.

Што е аеросол?

Алтернативните тутунски производи не произведуваат чад бидејќи не го согоруваат тутунот. Наместо тоа, кога се користат, тие создаваат аеросол кој содржи значително пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни материи во споредба со чадот од цигарите што се постигнува или со загревање на тутунот или со користење други технологии што не се на база на согорување.

Општо е познато дека пушењето е штетно и дека се смета за „виновник“ за бројни сериозни болести. И покрај ова, 1,1 милијарда луѓе ширум светот пушат, а според прогнозите на Светската здравствена организација, се очекува оваа бројка на пушачи да остане приближно иста во следните пет години. Благодарение на синергијата на науката и технологијата, развиени се алтернативи без чад кои можат да играат значајна улога во искоренувањето на оваа лоша и штетна навика.

Сите производи без чад се различни, така што тие треба да бидат научно потврдени врз основа на карактеристиките на секој поединечен производ. Исто така, важно е да се напомене дека алтернативите без чад не се без ризик но се подобра опција од класичните цигари.

 

Треба да знаете
Последни објави