Веспрем со фантастично второ полувреме стигна до 36:34 (17:17) победа над Пари Сен-Жермен во првото големо дерби во ракометната Лига на шампиони, покажувајќи дека уште една сезона ќе се фаворити за Фајнал фор и за титулата.
По израмнетото прво полувреме, Веспрем тргнааа силно во второто и со серија дојдоа до четири гола предност (26:22) по десет минути игра, за потоа да останат во предност до крајот на мечот. Расмус Лауге Шмит беше фантастичен со 11 гола за унгарскиот тим, а Јахја Омар додаде осум, додека за францускиот клуб, Камил Сипжак заврши со 6 гола.
Во друге два меча, Алборг со 36:32 го совлада Целе, додека Магдебург враќањето во европската елита го прослави со гостинка 30:28 победа над Динамо Букурешт.
Македонскиот интернационалец Никола Митревски и неговиот Порто новата сезона во Лигата на Шампионите ја започнаа со пораз од 27-23 на гостувањето во Полска против Висла. Домаќините беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот и сосема заслужено стигнаа до првите два бода.
Висла уште на отварањето на натпреварот стигна до предност од пет гола (6-1) и го назначи текот на мечот. Полјаците одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од четири гола (14-10), а продолжија во ист ритам и во поголемиот дел од второто полувреме. Порто успеа да се закани во самата завршница, но и покрај тоа што стигна до негатива од само еден гол (23-22) немаше сили за целосен камбек.
Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со четири одбрани.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Веспрем – Пари Сен-Жермен 36:34 (17:17)
Динамо Букурешт – Магдебург 28:30 (16:16)
Висла Плоцк – Порто 27:23 (14:10)
ГРУПА Б
Алборг – Пивоварна Целје 36:32 (20:17)