Звезда загуби од Трабзонспор-Барди одигра само 30 минути, Лацио потопен во Данска

Трабзонспор ја совлада Црвена Звезда со 2-1 во рамки на 2.коло од групата Х во Лигата на Европа.

Марек Хамшик во 16-тата и Трезеге во 68-та минута ги постигнаа головите за турскиот шампион. Македонскиот репрезентативец Енис Барди не беше во првиот тим на Трабзонспор, а влезе во игра во 61-та минута на местото на стрелецот на првиот гол Хамшик.

Гостите од Белград го завршија натпреварот со играч помалку откако Кингс Кангва заработи два жолти картони во 63-тата минута. Но и покрај исклучувањето Вељко Николиќ постигна почесен во 89-та минута за гостите од Белград.

За Турците ова беа први бодови во Лигата на Европа откако во минатото коло загубија на гостувањето кај Ференцварош.

Убедливи домашни победи запишаа Феенорд против Штурм Грац (6-0) и Мидтјиланд на мечот со Лацио (5-1). Карабах го надигра Нант (3-0), идентичен триумф запиша Фрајбург кај Олимпијакос (0-3), Ференцварош го шокира Монако (0-1), а Реал Сосиедад го доби натпреварот со Омонија (2-1).

Треба да знаете
Последни објави