Мечевите на Вардар ќе се пренесуваат на Спортклуб!

Мечевите на најтрофејниот македонски клуб Вардар во второлигашката конкуренција ќе одат низ директни преноси на регионалната телевизија Спортклуб, објавија денеска „црвено-црните“, откако се пофалија за постигнатата соработка.

После Академија Пандев, која е единствена од прволигашите чии домашни мечеви се пренесуваат на Спортклуб, сега и Вардар потпиша договор за ТВ-правата со оваа регионална телевизија, па домашните мечеви на црвено-црните ќе може да ги гледаат сите навивачи на вардарци на малите екрани, зашто досега тоа беше возможно само преку плаформата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека е постигнат договор со регионалната спортска телевизија Спортклуб која во иднина ќе ги пренесува домашните натпревари на нашиот клуб. Оваа соработка претставува одлична можност најтрофејниот Македонски фудбалски клуб повторно да биде достапен за сите навивачи, приврзаници и љубители на фудбалот и Вардар во државата, регионот и пошироко“, објави Вардар.

Македонскиот гигант е прв второлигаш кој успева да се најде на еден регионален канал. Инаку „Арена Спорт“ заедно со МТВ ги пренесуваат мечевите од Првата лига со исклучок на домашните на Академија Пандев.

Треба да знаете
Последни објави