Ѓоковиќ до Федерер: Ми беше чест да те запознаам на теренот и надвор од него

Новак Ѓоковиќ се приклучи на големите тениски имиња кои пратија порака до Роџер Федерер откога швајцарскиот маестро вчера потврди дека се повлекува од тенисот по долга и славна кариера, со која почна новата ера во спортот.

Иако двајцата можеби немаа најпријателски односи, како што, на пример, Федерер имаше со Надал, респектот останува и Ѓоковиќ го покажа тоа со пораката објавена на „Инстаграм“.

„Роџер, тешко е да се види овој ден и да се преточи во зборови она што го споделивме во овој спрот заедно. Повеќе од една деценија неверојатни моменти и битки за да се потсетуваме. Твојата кариера го постави тонот и покажа што значи да се оствари брилијантност и да се води со интегритет и став. Вистинска чест беше да те запознаам на теренот и надвор од него, за многу години во иднина. Знам дека новото поглавје ќе има прекрасни моменти за тебе, Мирка, децата и сите твои сакани и фанови на Роџер. Од нашето семејство до твоето, ти посакуваме многу радост, здравје и просперитет во иднина. Едвај чекам да ги прославиме твоите остварувања и да се видиме во Лондон“, напиша Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави