Нострадамус ја предвидел смртта на кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета почина во четврток, 8 септември, а нејзиниот погреб е закажан за понеделник, 19 септември

Францускиот лекар и астролог, чие вистинско име е Мишел де Нотр Дам, познат во јавноста како пророкот Нострадамус, ја предвидел точната година на смртта на кралицата, објаснува авторот и водечки експерт за познатиот пророк Марио Ридинг.

Пишувајќи за криптичните песни на Нострадамус од 1555 година, Рајдинг рече во 2005 година: „Преамбулата е дека кралицата Елизабета Втора ќе умре околу 2022 година, на возраст од околу 96 години“.

Нострадамус ја напишал фразата „Крал на островите“ во една од неговите песни, наводно мислејќи на предвидувањето дека поголемиот дел од Комонвелтот ќе се отцепи за време на владеењето на кралот Чарлс III.

Авторот утврдил и дека Чарлс ќе дојде на тронот на 74 години, но годините ќе го принудат да абдицира.

„Незадоволството на одреден дел од британското население, по неговиот развод со Дијана, принцезата од Велс, допрва ќе трае“, напиша тој, цитиран од Вечерњи лист.

Особено интересна е реченицата на пророкот: „Него ќе го замени човек кој никогаш не очекувал да биде крал“, што според него значи дека Вилијам нема да седне на тронот. Рединг мисли дека постои дури и можност Хари да стане крал.

Да потсетиме, кралицата Елизабета почина во четврток на 8 септември, а погребот е закажан за понеделник, 19 септември. На тронот ја наследи нејзиниот син Чарлс, а сега прв во редот за круната е внукот на Елизабета, Вилијам, а потоа неговите деца.
Треба да знаете
Последни објави