Џордан го сруши рекордот на Марадона- дресот oд „последниот танц“ продаден за 10,1 милиони долари

Дресот на легендарнот Мајкл Џордан со кој играше во првиот меч од НБА-финалето во 1998 година е продаден за рекордни 10,1 милиони долари. Со оваа сума Џордан го сруши рекордот кој беше во сопственост на уште една спортска легенда, Диего Армандо Марадона.

Дресот со кој легендарниот аргентински фудбалер го даде славниот погодок со „Божја рака“ летово беше продаден за 9,3 милиони долари и досега беше најскапиот продаден спортски дрес.

„Во деновите откако ја најавивме оваа аукција, се почувствува возбудување не само кај љубителите на спортот, туку и кај колекционерите кои сакаа во своите витрини да го имаат ова ретко парче од спортската историја“, рече водителот на Стритвер, Брахм Вачер, кој додаде дека името на Мјакл Џордан се еднакво силни како пред 25 години.

Џордан го носеше дресот на патот кон неговата шеста шампионска титула во НБА со Чикаго Булс, патување опишано во популарната ТВ серија „Последниот танц“. Во тоа време, финалето против Јута Џез во 1998 година беше најгледаното во историјата, бидејќи гледачите ширум светот се вклучија да ја видат последната трка на ѕвездата со Фил Џексон, Скоти Пипен, Денис Родман и Стив Кер.

Булси го загубија натпреварот од кој потекнува овој дрес од 10,1 милиони долари и покрај учинокот на Џордан од 33 поени. Натпреварот се одигра во Јута и Булси ги донираа своите иконски црвени дресови за гостински натпревари. Тимот предводен од Јордан победи со 4-2 во серијата, а Џордан го освои својот шести МВП од финалето на НБА.

Треба да знаете
Последни објави