Сопругата на британскиот крал, кралицата Камила наводно го скршила палецот на ногата пред повеќе од две недели. Повредата се случила пред смртта на кралицата Елизабета Втора минатиот четврток, објавија британските медиуми.
Камила го придружува кралот на неколку служби и настани по неговото прогласување за нов монарх. Се верува дека повредата на 75-годишниот не бара болничко лекување, пренесува „Мирор“.
Во средата, таа се возеше со принцот од Велс на служба во Вестминстерската сала.
Таа беше на нозе за време на службата во средата, која му претходеше на отворањето на Вестминстерската палата за јавноста каде сакаше да му оддаде почит на британскиот монарх со најдолг стаж.
„Камила го скрши палецот на ногата и иако се лекува, има многу болки“, изјави извор за „The Sun“.
„Тоа е ужасен момент, но таа се бори и не дозволува скршениот палец да и пречи на нејзините должности и го прави она што треба да го направи за кралот, семејството и земјата“ – додава тој.
„Нема да коментираме за здравствените состојби“, изјавил портпаролот на кралското семејство.