Барселона потврди дека Жорди Кројф е нивниот нов спортски директор, со што синот на легендата на клубот, Јохан Кројф, официјално потпиша договор со клубот од „Камп ноу“.
48-годишниот Жорди Кројф, кој произлезе од славната академија на Барса, „Ла Масија“, за во кариерата да игра и за Манчестер јунајтед, се врати во Каталонија во 2021 година како советник и оттогаш го зголемуваше своето влијание во клубот.
„Барселона го објавува Жорди Кројф како нов спортски директор. Тој веќе ја извршува оваа улога од 1 јули. Фудбалер на Барса од 1993 о 1996, тој се врати минатата сезона како директор во интернационалната област на фудбалскиот дел и одигра клучна улога во двата последни трансфера како дел од спортската комисија“, велат од Барса.
Таткото на Кројф помина пет години како фудбалер на Барселона и осум како тренер трансформирајќи го клубот и влијаејќи на генерации тренери и фудбалери. Жорди, пак, беше клучен во трансферите на Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде ова лето работејќи заедно со тренерот Чави.