Откако во првото полуфинале Франција на неверојатен начин ја победи Полска, во второто по пресврт Шпанија ја совлада Германија во Берлин со 96:91.
Иако до полувремето Шпанија шутираше со дури 83% успешност за два поени, а 50% за три – губеше на полувремето. Водството од девет поени беше загубено поради серијата на Германија од 14:0 во вториот дел, но и затоа што „панцерите“ одиграа маестрално по освојувањето на топките – речиси една третина од 51 поен што ги постигнаа на овој начин , а ниту еден не примија од контра на противникот. Тоа, заедно со малата предност во контролата на скоковите и одличниот Денис Шредер (19 поени) беше доволно за 51:46 пред третиот дел.
Лоренцо Браун, кој постигна шест поени во првото полувреме и пет поени во второто, заврши со 29 и беше веднаш до Алберто Дијаз, кој беше одличен во одбраната, но и до 37-годишниот Руди Фернандез, е еден од најзаслужните за тоа што се случило потоа во натпреварот.
Шпанија, која најпрвин губеше со девет разлика, поведе во третиот период, а потоа повторно губеше со негатива од десет поени, а во четвртата четвртина одигра како во транс откако Германија поведе со 77:70.
Браун го започна камбекот на „фуријата“ со кош, па асистенција за тројката на Хуанчо Ернангомез, па скок и асистенција за Гаруба – што заедно со слободните фрлања беше доволно за водство.
Лоренцо Браун со тројка зголеми на 86:80 за Шпанија, а потоа во самата завршница, кога Германија дојде на четири поени, со две слободни фрлања на 15 секунди до крајот, ги доведе избраниците на селекторот Серџо Скариол на недостижни +6.
Браун го заврши натпреварот со споменатите 29 поени, со шут 11/17 (од кои 3/7 тројки), но и со шест асистенции, два скока и четири загубени топки. Во свој стил помогнаа Вили и Хуанчо Ернангомез, со 16, односно 13 поени.
На крајот Шредер стигна до 30 поени и осум асистенции, а јунакот од мечот против Грците, спектакуларниот Франк Вагнер застана на 15 поени и по три скока и асистенции, а Андреас Обст додаде 15 поени.