Кирјос до Федерер: Никој никогаш нема да игра како тебе 

– Австралискиот тенисер Ник Кирјос им се приклучи на тенисерите кои на Роџер Федерер му посакаа среќно заминување во пензија. 

Швајцарецот, кој во кариерата освои 103 титули, од кои 20 грен – слем трофеи, вчера најави дека ќе се повлече од тенисот по настапот на Лејвер купот, од 23. до 25 овој месец во Лондон. 

– Никој никогаш нема да игра како тебе. Уживај. Ми беше чест, напиша Кирјос на својот Инстаграм профил, илустрирајќи ја пораката со заедничка фотографија со Федерер. 

Кирјос и Федерер одиграа седум меѓусебни дуели. Швајцарецот забележа шест победи, додека Кирјос триумфираше во нивниот прв меѓусебен дуел на Мастерсот во Мадрид, во 2015 година. 

Треба да знаете
Последни објави