Фудбалерите на Шкендија и Шкупи ги поделија бодовите попладнево во рамки на дерби натпреварот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во кое лидерот Струга ја забележа осмата прволигашка победа.
Шкендија и Шкупи одиграа во Тетово без голови, додека Струга со 2-0 триумфираше на домашен терен над Тиквеш.
Домашна победа забележа и Работнички над Победа со 1-0, додека единствената гостинска победа ја забележаа фудбалерите на Македонија ЃП на гостувањето во Струмица против Академија Пандев со минимални 1-0.
Осмото прволигашко лого ќе го комплетираат в недела Скопје и Брегалница.
Табела: Струга 24, Силекс 14, Шкендија 12, Шкупи 11, Брегалница 10, Тиквеш 10, Македонија ЃП 8, Академија Пандев 7, Работнички 7, Победа 4, Скопје 3.