Што не треба да консумирате на празен желудник?

„Она си што јадеш“ е поговорка која ни е позната на сите. Но, она што го внесуваме во организмот пред оброкот има влијание на нашето здравје. Ако сакате да имате добро дигестивно здравје, овие работи не треба да ги внесувате на празен желудник.

Не пијте кафе
Дури и бескофеинското кафе поттикнува лачење на киселина која може да предизвика ждригање и други проблеми со дигестивниот систем. Ако не можете да се откажете од навиката да пиете кафе рано наутро, тогаш барем пијте го со млеко.

Не пијте алкохол

Без да консумирате храна, го зголемувате процентот на апсорбирање на алкохолот. Алкохолот е штетен за црниот дроб, срцето и бубрезите.

Не џвакајте гума за џвакање

Дигестивната киселина која се произведува додека џвакате гума за џвакање му пречи на желудникот, а со тоа може да предизвика гастритис. Ако не можете без мастика, тогаш се препорачуваат оние со природен засладувач кои се помалку штетни.

Не одете на спиење со празен желудник

Гладот и ниското ниво на глукоза нè спречуваат да заспиеме и предизвикуваат неквалитетен сон, што уште повеќе го зголемува хормонот на глад.

Сепак, не е добро ни кога ќе се прејадете на вечерата. Најдоброто решение се млечните производи кои содржат калциум кој вооедно ќе ви осигура да спиете мирно.

Не пијте сок од цитрон

Оваа киселина го иритира вашиот желудник што е посебно опасно за оние кои имаат гастритис. Сепак, свежо исцедениот сок од цитрон нема да пречи на дигестивниот систем доколку го разредите со вода.

Треба да знаете
Последни објави