Фудбалската репрезентација на Македонија би можела да биде и без капитенот Стефан Ристовски за последните два натпревари од третото издание на Лигата на нациите, против Грузија и против Бугарија. Тој е неизвесен со оглед дека не настапи денеска за Динамо Загреб на мечот против Локомотива Загреб.
„Стефан Ристовски има проблеми со тетивата на ногата, повреда за која е потребна пауза“, изјави тренерот на Динамо, Анте Чачиќ.
Дарко Чурлинов дефинитивно нема да се појави на утрешниот собир поради повреда, а неизвесен е и Валон Етеми.