Алварез го победи Головкин и ја испиша историјата на боксот

Суел Канело Алварез, мексиканскиот боксер кој важи за најдобар во светот надвор од тешка категорија, со победа ја заврши големата трилогија. Ноќеска бевме сведоци на третиот натпревар помеѓу Алварез и Генади Головкин, во кој Головкин реши да се искачи во суперсредна категорија и да го предизвика Канело за појасите во суперсредна категорија IBF, WBO, WBA и WBC, а тоа не му успеа ниту на овој трет меч.

Казахстанецот Головкин во натпреварот влезе како аутсајдер според букмејкерите. Во мечот влезе по победата против Риота Мурата, кого го нокаутираше во април, а последен пат беше поразен против Канело во 2018 година.

Канело влезе во натпреварот по поразот од Дмитри Бивол во мај годинава. Тоа беше негов прв пораз од 2013 година, а сопственик е на горенаведените титули и појаси. Во мечот влезе како фаворит според букмејкерите, а вечерва ја бараше својата 40-та победа со нокаут во кариерата.

Како и во првите два меча, Алварез беше непоразен. Првиот натпревар беше нерешен, а во вториот, како и сега, славеше со судиска одлука. Одлуката беше едногласна со 116-112, 115-113, 115-113. За Алварез ова беше 58. победа во кариерата, а има уште две ремија и два порази.

Откако доживеа болен и редок пораз во последната борба против Димитри Бивол, Алварез доминираше против Головкин и покажа дека се уште е во врвна форма.

Колку му значеше таа победа се гледаше од начинот на кој ја прослави во рингот. Оваа победа е особено важна бидејќи и двете први борби завршија со контроверзии и жестока реакција на боксерската јавност, која сметаше дека и двете борби требало да му припаднат на Головкин. Сега немаше дилема.

Сега сака реванш со Бивол, но прво е операција на раката.

– Секако дека реваншот со Биволе она што го сакам, но прво морам да одморам, да му дадам шанса на телото да се опорави. Што се однесува до трилогијата, на навивачите им дадовме три многу добри борби. Ти благодарам за се – изјави Алварез.

Треба да знаете
Последни објави