Севилја освои значаен бод на гости против Вилјареал откако одигра 1:1. Ова е важен чекор за тимот од Андалузија кој многу лошо го почна новиот шампионат во Ла Лига.
Оливер Торес донесе предност за гостите во осмата минута од натпреварот. Сепак, Вилјареал израмни преку Алекс Баена на почетокот на второто полувреме.
Вилјареал по ова реми се наоѓа на шестата позиција со 11 бода, додека Севилја е на неочекуваното 15. место.