Еден од најпосакуваните холивудски актери Зак Ефрон неодамна откри дека се бори со тешко пореметување кое го спречува да излегува.
Станува збор за агорафобија, состојба од која боледуваат и Ким Бесинџер, Дерил Хана и Роби Вилијамс.
Зак е миленик на жените, важи за еден од најзгодните актери во Холивуд, а големиот притисок на славата го направи својот данок и во неговиот случај.
Во неодамнешното интервју за „Men’s Health“, Зак откри дека се бори со агорафобија, која клиниката Мајо ја дефинира како „тип на анксиозно растројство во кое се плашите и избегнувате места или ситуации кои можат да предизвикаат паника и да се чувствувате заробени, беспомошни ”
„Едноставно не излегувам“, објасни тој во едно интервју. „Големи групи луѓе, тоа е она што ја поттикнува мојата агорафобија“.
Работењето на физичкиот изглед за потребите на филмот „Baywatch“ изгледа му предизвика бројни здравствени проблеми на актерот. Депресијата е само една од нив.
Според експертите од клиниката Мајо, диуретиците „помагаат да се ослободи телото од сол (натриум) и вода“, што му било важно на Ефрон за да го изваја телото за сцените на плажа,пренесуваат медиумите.