Јувентус, Милан, Интер и Рома загубија во исто коло од италијанската фудбалска Серија А за прв пат по 67 години.
Вчера фудбалските гиганти од Италија беа поразени во натпреварите од 7. коло во Серија А.
Јувентус загуби на гостувањето кај Монца (0:1), Рома беше поразена дома од Аталанта (0:1), Интер во Удине остана со празни раце на средбата со Удинезе (1:3), додека Милан во Милано не успеа да освои ниту бод со Наполи (1:2).
Последен пат овие четири екипи загубија во исто коло далечната 1955 година.