Меси собори рекорд на Пеле

Актуелниот француски фудбалски првак Пари Сен Жермен го победи Лион со 1:0 во дербито од 8. коло на Лига 1. Решавачкиот гол го постигна Лионел Меси во петтата минута, а со тоа успеа да постави и нов рекорд во најважната сппоредна работа на светот.

Аргентинецот собори рекорд на легендарниот Пеле. Меси стана играчот кој постигнал најмногу голови (672) без пенал во историјата на фудбалот. Пеле го имаше рекордот со 671 гол без пенал.

Треба да знаете
Последни објави