Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Марко Верати, отпадна од селекцијата на Италија поради повреда, објави селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини.
Италијанецот се здоби со повреда при триумфот на ПСЖ на гостувањето кај Лион. Верати отпатува за Италија, каде што беше подложен на медицински тестови кои покажаа дека нема да може да игра. Се уште не е јасно колку Верати ќе мора да паузира.
Италија ќе игра против Англија на 23 септември и против Унгарија три дена подоцна во обид да стигне до прво место во групата 3 од Лигата А. Со тоа би обезбедиле пласман во фајналфорот во Лигата на нации.