Олимпијакос му врачи отказ на Корберан се најавуваат Блан, Бенитез и Мичел како наследници

Шпанскиот тренер Карлос Корберан доби отказ од Олимпијакос по уште едно разочарувачко издание на клубот од Пиреја. Грчките медиуми пренесуваат дека најсериозен кандидат за преземање на тимот е Лоран Блан, кој веќе имал контакт со спортскиот директор на клубот Кристијан Карембу, а се шпекулира и со имињата на Рафа Бенитез и Мичел.

Во дербито на петтото коло, црвено-белите беа поразени од Арис во Солун со резултат 2:1 и сега имаат дури седум бода помалку од градскиот ривал Панатинаикос. ПАО е единствен со максимален ефект.

Олимпијакос на крајот од преодниот рок ги ангажираше Марсело, Џејмс Родригез, Седрик Бакамбу и Диади Самасеку, но и покрај големите вложувања, тимот од Пиреја потфрли во квалификациите за Лигата на шампионите (елиминиран од Макаби Хаифа), а во групната фаза од Лига Европа беше поразен од Нант и Фрајбург.

39-годишниот Корберан на почетокот на јули доби отказ од Хадерсфилд, а на 1. август пристигна на клупата на грчкиот великан.

 

Треба да знаете
Последни објави