„Освој го врвот на Cevahir кулите” – Cevahir Tower Run ќе се одржи на 20 ноември 2022

На барање на голем број на натпреварувачи и  спортски активни лица кои сакаат да бидат дел од првата Cevahir Tower Run трка, датумот на одржување на Cevahir Tower Run е поместен на 20 ноември 2022 (недела).

Причината за одложување на првата трка по скали во Македонија е големиот број на други трки во истиот период, вклучувајќи ја и најголемата трка кај нас, Скопскиот маратон. 

Организаторот на трката АК Работнички им благодари на интересот на сите досега пријавени и се надева на уште поголем број учесници на новиот датум. 

Под мотото Освој го врвот на Cevahir кулите” трка по скали, по пример на светските метрополи, по првпат оваа година ќе се одржи во Македонија. Организаторите на трката по скали ги повикуваат сите заинтересирани натпреварувачи и спортски активни лица да се пријават и учествуваат во Cevahir Tower Run преку онлајн апликацијата на https://cevahirtowerrun.com/ .

 

Учесниците на трката ќе имаат предизвик да се искачат до врвот на Кулата Ц искачувајќи 41 кат со вкупно 752 чекори, и со тоа следејќи ги едни од најдобрите светски познати трки Empire State Building Run-up, Tower 42 London, како и Walkie Talkie London.

 

Треба да знаете
Последни објави