Селекторот на Шпанија, Серџио Скариоло успехот на неговата селекција го спореди со шампионските титули на Лестер во 2016 и Данска во 1992 година.
Шпанија по четврти пат стана шампион на Европа, „Црвената фурија“, во финалето на Евробаскетот беше подобра од Франција со 88:76. Италијанецот Скариоло како тренер им ги донесе на Шпанците сите четири златни медали.
„Кога сите предвидуваат дека ќе го завршите првенството на осмото место, а вие потоа ќе станете шампиони, тогаш тоа е изненадување. Се случува, тоа е спорт. Сепак, не се сеќавам дека некогаш се случило тимот на кој му предвидуваше осмото место да стане шампион. Ситуацијата што ми паѓа на памет е кога Лестер стана шампион на Премиер лигата или кога Данска го зазеде местото на Југославија на ЕП во 1992 година и на крајот стана шампион на Европа. овие подвизи можат да се споредат со нашето изненадување“, изјави Скариоло во опширното интервју за „Марка“.