Македонскиот ракометен репрезентативец Ненад Костески потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер. Десното крило ќе остане најмалку до 2025 година во Битола.
„Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола. Наскоро ќе ја дознаеме групата во Европската лига, сите ја очекуваме. Ќе биде тешко, но ние имаме тим и капацитет, па се надевам дека ќе ја минеме групната фаза и ќе продолжиме понатаму“, изјави Костески.
Оваа сезона битолскиот клуб е фаворит за титулите во домашните натпреварувања откако го освои Суперкупот.