Во последното коло од француската Лига 1, ПСЖ победи со 1:0 на гостувањето кај Лион и со тоа го задржа врвот на табелата пред Марсеј. Стрелец на единствениот гол беше Лео Меси по одличната асистенција на Нејмар. 30-годишниот Бразилец продолжи со неверојатната статистика од почетокот на сезоната.
Во моментов тој е играчот кој има најголем придонес со голови и асистенции во петте најдобри европски национални првенства. Ги има 15, откако на осум настапи постигна осум и забележа седум асистенциии. Зад него е Ерлинг Халанд со 12 директни придонеси кон голот. Во Премиер лигата постигна 11 голови и еднаш асистираше.
Статистиката на Нејмар е нереална дури и ако гледаме подолг период. Против Лион го забележа својот јубилеен 100. настап за ПСЖ во Лига 1. Вкупно постигна 77 гола и забележал 44 асистенции. Тој сезонава постигна гол или асистираше на секој натпревар од Суперкупот, првенството или Лигата на шампионите, освен против Нант, кога одигра само 27 минути.