Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски потпиша за Мезоковежд. По разделбата со Дебрецен, тој сепак ќе остане во првенството на Унгарија. Фудбалер на Мезоковежд е и Ремзифаик Селмани, кој ова лето го засили унгарскиот клуб.
Давид Бабунски кариерата ја почна во младинската академија на Барселона, а потоа играше и за Црвена Звезда, Јокохама Маринос, Омија, Ботошани, Виторул и за Дебрецен.