Поранешниот фудбалер на Базел, Тун, Луцерн и Арау, Нико Шилденхолц, почина на 34 годишна возраст како последица на тешката болест. Шилденхолц долго време се бореше со канцер на белите дробови.
Шилденхолц ги мина сите младински категории на Базел, а најголем белег остави во Тун каде играше цели осум години и забележа преку 120 настапи.
Играше до 2021 година, каде ја прекина кариерата за да се лекува, но не успеа да ја добие најважната животна битка. Последен негов клуб му беше Арау.