Веспрем и ПСЖ со рутински победи

Веспрем го продолжи импресивниот старт на новата сезона во ракометната Лига на шампиони, доминирајќи во Португалија за 35:28 (16:12) победа над Порто, додека својата прва победа во новата сезона ја запишаа и Пари Сен-Жермен, кои со 37:33 (18:16) беа подобри од полскиот Висла Плоцк.

Петар Ненадиќ и Мануел Штрлек постигнаа по четири гола за Веспрем да направи разлика од четири гола на полувреме од 16:12, по што во второто полувреме само ја зголемуваа предноста за убедлива победа. Ненадиќ заврши со осум гола, додека Џек Турин имаше шест гола за Порто.

На Висла, пак, не помогнаа ниту осумте гола на Сергеј Косоротов, за Пари Сен-Жермен по тесната предност во првото полувреме да ја забележи првата победа по поразот од Веспрем во првото коло. Камил Сипжак со 9 и Никола Карабатиќ со 7 беа најдобри за ПСЖ.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОН, ГРУПА А, 2.КОЛО
Порто – Веспрем 28:35 (12:16)
Пари Сен-Жермен – Висла Плоцк 37:33 (18:16)

Треба да знаете
Последни објави