Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо (37) изјави денеска дека неговите амбиции и натаму се „големи” и додаде оти планира да ја продолжи кариерата најмалку до Европското првенство кое 2024 година ќе се одржи во Германија.
– Мојот пат не е завршен. Ќе морате уште некое време да навивате за мене, порача Роналдо на свеченото доделување на наградата за најдобар стрелец во репрезентативниот дрес.
Напаѓачот на Манчестер јунајтед кон крајот на ноември ќе ја предводи Португалија на Мундијалот во Катар и најави дека сака да настапува и на следните репрезентативни натпреварувања.
– Сакам да учествувам на Светското првенство во Катар и на Европското првенство 2024. Многу сум мотивиран. Моите амбиции се големи, истакна петкратниот освојувач на „Златната топка”.