Францускиот ветеран, Томас Ертел се приклучи на шампионот на руската ВТБ лига, Зенит Санкт Петерсбург, потпишувајќи договор на една сезона со опција за уште една, со што практично се збогуваше со француската репрезентација, за која играше на неодамна завршениот Евробаскет.
33-годишниот Ертел со потписот за Зенит ќе пропушти една сезона во Евролигата првпат од неговото деби во 2011/12, а исто така се откажа од можноста да игра за сребрените на Евробаскетот, бидејќи Француската кошаркарска федерација претходно потврди дека сите кои ќе играат за руски или белоруски клубови нема да можат да бидат повикувани за репрезентативните обврски.
„Сакаме да му посакаме добредојде на Томас во нашиот тим. Тој е играч со огромно искуство и квалитет. Веруваме дека со него ќе ги оствариме целите за новата сезона“, изјави тренерот на Зенит, Чави Пасквал.